СДСМ: Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно признание за постигнатиот успех

„Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година. Резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани.Одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година", велат од СДСМ.

„Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот. Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината. Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година“, истакнуваат од СДСМ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе