СДСМ: За воздух протестира оној кој 11 години сечеше дрва во Скопје за сметка на криминалниот проект Скопје 2014

Уште еден во низата очајни и лицемерни протести на Христијан Мицкоски кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец. Денес за струја со луксузни автомобили протестира оној што ја поскапе 100 осто, истакнуваат од СДСМ.

„Денеска, за воздух протестира оној кој 11 години сечеше дрва во Скопје за сметка на криминалниот проект Скопје 2014. Протестите за спас на фотелјата на Мицкоски се најголемата глупост која што лузерот можеше да ја смисли.

Среде светска пандемија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираат протести на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот, а предходно кочеа проекти за обнова на болници, Мицкоски шеташе по кафани и теретани, ширеа лажни вести и ја поткопува борбата со вирусот“, истакнуваат од СДСМ.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе