СДСМ: За само две години реализирани се 49.552 вработувања, доминатно во приватниот сектор

Огромниот економски напредок на Република Северна Македонија, нотиран во Извештајот на Светската трговска организација е последната од низата потврди за успешноста на економските политики на Владата велат од партијата СДСМ.

„Податоците од Ревизијата на трговската политика на Република Северна Македонија објавена од страна на СТО покажуваат огромен напредок на нашата земја на крајот од 2018 споредбено со крајот 2012 година. За само две години, очигледен е напредокот што обезбедува економски раст и развој, повисоки плати и нови работни места. Од економија во минус од 1,8 отсто во првиот квартал во 2017, денес растот на БДП изнесува 4,1 отсто. За само две години реализирани се 49.552 вработувања, доминатно во приватниот сектор. Тоа придонесе за рапидно намалување на невработеноста која денес изнесува историски најниски 17,8 отсто“, Платите постојано растат. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, и е зголемена за 10,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година, истакнуваат од СДСМ.

Ваквите позитивни трендови ќе овозможат зголемување на капиталните инвестиции.

„Владата предводена од СДСМ наскоро започнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика. Ќе се инвестира во клучни капитални инвестиции како  ХЦ Чебрен, далекуводот кон Албанија и гасоводот, нов Клинички центар, а следуваат и инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални, канализациски  и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за граѓаните“, велат од СДСМ.

 

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе