СДСМ: За првпат наш министер за одбрана седна на масата во Алијансата

Министерката Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, рамо до рамо со колегите од земјите членки на Алијансата. За првпат во историјата, наш министер за одбрана седна на масата на Алијансата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Зад нас се годините кога земјава тонеше во изолација, поделби, економско уназадување и неизвесност. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО сојузот, учесник во процесите за глобална безбедност.

Граѓаните се горди на историскиот успех, ние сме НАТО.

Во меѓувреме, започна и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во парлеманетите на државите членки на НАТО. Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а во наредниот период се очекува ратификација и од парламентите на други земји членки.

Република Северна Македонија го добива своето заслужено место во НАТО и станува 30 земја членка на Алијансата, што значи безбедност, сигурност и стабилност, но и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните“, соопшти СДСМ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе