Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел – спас на неговата фотелја во белиот дворец, дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип, изјави од влезот на овој град Стефан Васев од СДСМ.
„Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М" да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место", изјави Васев.
Тој коментира дека во време на нов бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје со организирање на протести на кои не се почитуваат мерките за заштита, а пратениците од неговата партија во Собранието да ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.