СДСМ: Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара ново алиби

„Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја на 15 јули и затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара ново алиби. Колку и да се обидува да манипулира опозициската партија, Изборниот законик во однос на платеното политичко рекламирање и поделбата на просторот е јасен“, истакнуваат од СДСМ.

„Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска?

Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат.

СДСМ ја донесе слободата, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе