СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште не кажува кога нивните пратенци обвинети за криминал ќе пoднесат оставка

ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот се уште молчи и не кажува кога нивните пратеници кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието, прашуваат од партијата СДСМ.

„Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и согласно законот ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат? Се додека во белиот дворец молчат по овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за морал, чесност и одговорност. Повлекувањето од функцијата пратеник на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ тоа се уште е непозната категорија“, истакнуваат од СДСМ.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе