СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за проблеми во Охрид создадени од Бакрачески

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски дефинитивно е тотално изгубена во реалноста. Последен доказ за тоа е денешното обвинување за патеката Студенчишко блато - Парк која е бетонирана токму од нивниот градоначалник Никола Бакрачески кој овој проект го најавуваше како еден од најважните, а денес се покажува како најпроблематичен, велат од СДСМ.

„Толку од познавањето на состојбата со Охрид од лицемерното и отсутно од реалноста ВМРО-ДПМНЕ.
 
По 11 години пустошоње, градби без план о, сквернување на историски објекти како Плаошник од страна на ВМРО-ДПМНЕ денес на оваа партија и пречи што се става ред на охридското крајбрежје.
 
Јавноста е сведок на уривање дивоградби, на расчистување на плажите и бреговите, на функционален колекторски систем, ставање ред и поредок во Охрид.
 
За разлика од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата, институциите предводени од СДСМ продолжуваат со борба за зачувување на статусот на Охрид и охридскиот регион“, истакнуваат од СДСМ.
 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе