По најавата за протест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 отсто

ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 отсто и потоа се финансирала со пари од поскапувањето, реагира СДСМ откако опозицијата најави дека и утре продолжува со протест против поскапувањето на струјата.

„Ниедна лажна вест, ниеден таканаречен протест, не го сокрива фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 отсто, ниту фактот дека ВМРО-ДПМНЕ всушност се финансирала од поскапата струја што ја плаќаа граѓаните и стопанството. Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компании кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да и помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ", наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести.

„И самиот Игор Јанушев за кој има предмет, за злоупотреба на службена положба каде се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ. Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски", додава СДСМ.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе