СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го носи народот во опасност и подгрева тензии во Вевчани

Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје, истакнуваат од СДСМ.

„Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето

ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.

Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат.

Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа.

Апелираме до сите граѓани, да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот“, истакнуваат од СДСМ.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе