Реакција

СДСМ: Усвојувањето на уставните измени отвора перспективи кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО

Целиот демократски свет го поздрави усвојувањето на уставните измени, дебакл за изолираните деструктивци Мицкоски и Бачев, реагираат од СДСМ. Од таму додаваат дека со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со што се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО.

„Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот. Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски. Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација. На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата", се вели во соопштението на владеачката партија.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе