Реакција

СДСМ: Тој што шири лажни вести треба да се соочи со одговорност

Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, реагираат од СДСМ откако денеска пред судот се најде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски против кој премиерот Зоран Заев покрена тужба за клевета.

Од СДСМ реагираат дека Николоски и ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и дека тој продолжува да шири лажни вести.

„Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и покрај тоа што е осуден за клевета, не се откажува од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, во очајни обиди да ја манипулира јавноста. Граѓаните не му веруваат на Николоски, по неговите бројни лаги, како кога јавно тврдеше дека ООН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка.

Николоски тврдеше дека државата нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а преговорите започнуваат, тврдеше дека ќе се затвори Дрекслермаер, што беше демантирано од раководството, дека Тутнскиот комбинат во Прилеп работи најлошо досега, а има добивка. Николовски во 2018 година најави дека ќе се повлече од политиката, а се уште е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ", велат од СДСМ.

Рочиштето е одложено за 20 ноември, откако Николоски побара доказите да му бидат доставени во целост.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе