СДСМ: Советничка на Груевски го води кабинетот на Мизрахи, ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режимот

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски работи по инструкции на бегалецот од правдата, Никола Груевски, обвини денеска СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски отворено работат на враќање на режимот. Последен доказ за тоа е шефицата на кабинетот на министерката за труд и социјална политика во преодната влада, Рашела Мизрахи.

Марија Апостолова, шефицата на кабинетот на Мизрахи е поранешна советничка на Груевски, дел од 90-те советници на осудениот криминалец во бегство. 

На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите  кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

Кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ се кадри блиски до Никола Груевски со што се докажува дека Мицкоски е само вршител на должноста претседател на опозициската партија”, рече на прес-конференција Милан Живковиќ, претседател на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. 

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се нечесни и неискрени кон граѓаните и не нудат ништо освен обнова на режимот и заробената држава. 

 

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе