Според податоците од ДИК

СДСМ со водство во Карпош и Центар, ВМРО-ДПМНЕ води во Кисела Вода и Гази Баба

Во скопските општини, според податоците објавени на страницата на Државната изборна комисија, во Карпош во водство е Душко Весковски од СДСМ со 31,96 проценти пред кандидатот на Гром, Стевчо Јакимовски кој засега има 23,71 отсто.

Во Кисела Вода во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоѓиевски со 60,29 проценти пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Филип Темелковски кој има 25 проценти од гласовите.

Во Гази Баба во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски со 77,92% пред Борис Георгиевски кој има 14,79 проценти.

Во општина Центар, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски засега има 46,14% од гласовите, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова е втора со 29,67% од гласовите.

Во Сарај во водство е Блерим Беџети од ДУИ со 66,91%, а втор е Керим Мамути од Алијанса за Албанците/Алтернатива со 19,08 проценти.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе