СДСМ со свои предлог заклучоци: Македонскиот јазик да биде без објаснувања, додавки или фусноти

СДСМ денеска излезе со свои предлог – заклучоци во врска со информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка, водејќи се, како што рече координаторот на пратеничката група, Јован Митревски, од врвните национални и државни интереси, стратешката определба зе членство во ЕУ со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност.

На прес-конфетренција во Собранието тој информираше дека пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство, предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

Според предлог заклучоците, Владата се задолжува да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои преговарачката рамка со врадени европски принципи и стандарди, како и Копенхагенските критеруми за членство, согласно со спецификите и постигнатите резултати на  РСМ.

Митревски пред медиумите ги соопшти предлог заклучоците што ги предлага СДСМ во кои Владата се задолжува

- Во Преговарачката рамка, македонскиот јазик да биде наведен без какви било  објаснувања, додавки или фусноти. 

Се задолжува Владата при склучувањето на какви било договори, спогодби и документи со Европската Унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без какви било објаснувања, додавки или фусноти.

Се задолжува Владата во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

-Се задолжува Владата билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската унија.

-Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со ЕУ. 

-За одржувањето на првата Меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори и скрининг процесот и следната Меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, согласно предлогот на Француското претседателство со ЕУ, да се донесат одлуки веднаш за да истите не зависат од донесување на дополнителни одлуки од страна на земјите членки. 

-Се задолжува Владата на Република Северна Македонија горенаведените Заклучоци да ги вгради во Отворачката Изјава на Република Северна Македонија на првата Меѓувладина конференција со Европската унија. 

-Се задолжува Владата на Република Северна Македонија редовно и континуирано да го информира Собранието на Република Северна Македонија за текот на пристапните преговори, вклучително и процесот на скрининг како прва отворачка фаза на пристапните преговори, како и за одвивањето на Меѓувладините конференции за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Митревски порача дека сега е време за одлука.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе