СДСМ: Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката „Мој ДДВ“

Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните, велат од СДСМ.

„Мерката „Мој ДДВ“ која е е едно од клучните ветувања дава одлични резултати. Досега за помалку од три месеци, скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 2.666.000 евра. Тоа значи дополнителен приход во секое семејство, што ќе ја подобри куповната моќ и ќе влијае врз зголемување на потрошувачката. Само во првите два месеци од воведувањето на „МојДДВ“, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година. Освен кај граѓаните, расте повратот на ДДВ и кон компаниите. Годинава, заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година“, истакнуваат од СДСМ.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе