СДСМ: Со одлуката за разрешување на Мизрахи заштитен е Уставот

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Со ова, велат од СДСМ, зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи.

„Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот. Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока. Нема враќање назад, продолжуваме напред", велат од СДСМ. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе