СДСМ: Со мерките на Владата, училиштата, болниците и граѓаните ќе имаат помали сметки за струја

„Владата предводена од СДСМ, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна обезбеди непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта во државата и со последните одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, сите основни и средни училишта се вклучено во регулираниот пазар на електрична енергија“, велат од СДСМ. 

„Со ова се обезбедува непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, иако тоа беше обврска на општините.

Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја. На регулираниот пазар, покрај училиштата се вклучуват и здравствените институции, заедно со сите домаќинства и над 70.000 компании мали потрошувачи.

Владата продолжува со субвенционирање на 80% од електричната енергија за домаќинствата.

СДСМ со ефикасни, навремени мерки им помага на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците за надминување на последиците од глобалната енергетска криза“, велат од партијата. 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе