СДСМ: Случаите Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја мора да се расчистат до крај

Залудни се обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и тајкуните создадени во тоа време. Очигледно е  дека на ВМРО-ДПМНЕ се појасно им е дека одбраната на криминалот е едноставно невозможна. Но, колку и да е неприфатлива за ВМРО-ДПМНЕ , борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна, ова е правна држава и законите важат за сите подеднакво, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја и многу други мора да се расчитат до крај. Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта. Правда мора да има. Тоа е во интерес на државата и граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе