СДСМ: Слабо Мицкоски, уште многу треба да учиш економија

Христијан Мицкоски денеска повторно покажа дека е против порастот на платите во сите сектори, вклучително и во приватниот и тие се научени само да грабаат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите сега завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец и кај тајкуните на режимот, велат од СДСМ.

Од владејачката партија му порачуваат на Мицкоски дека треба уште да учи економија и да не ја чита само книгата на неговиот ментор Груевски.

„Платите пораснаа за над 2 илјади денари во изминатите 2 години и ќе продолжат да растат, тоа се економските политики на СДСМ кои даваат реален резултат. СДСМ испорачува резултати, а ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, нема идеја ниту програма. Криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните и фирмите во долгови и сиромаштија, а економијата во минус од 1,8 отсто. Денес растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто! За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година. Тоа е јасно наведено во „Извештајот за инвестициите во светот 2019" на Конференцијата на ОН. Без скапи кампањи, без рекламни роуд шоуа на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше милиони евра, денес, реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4.800 вработувања", се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безидејноста, одбраната на криминал и деструктивно однесување.

Затоа СДСМ води во анкетите, политиките за враќање на парите назад кај граѓание имаат најсилна поддршка.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе