СДСМ: Скапите автомобили го покажаа лицемерието на лажното ВМРО-ДПМНЕ

Скапите автомобили што вчера граѓаните ги видоа на протестот пред РКЕ се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Христијан Мицкоски, реагира СДСМ.

Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Организираат таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.

Граѓаните одамна го препознаа нечесниот и неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа не им даваат поддршка на лажните и лицемерни протести кои служат само за зачувување на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец.

Уште еднаш се покажа дека Мицкоски знае само да брани криминал и лични интереси и дека потребите на граѓаните не го интересираат. Со таков однос тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција, се вели во реакцијата на СДСМ.

 









При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе