СДСМ: Сите факти за скандалот со медицинскиот отпад водат кон ВМРО-ДПМНЕ

Сите инволвирани лица со скандалот со медицинскиототпад се кадри или блиски лица на ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се обидите на оваа партија да ја префрлаат топката за скандалот со медицинскиот отпад на СДСМ, кога фактите зборуваат за сосема нешто друго. Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извршител Христијан Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на портпаролот Димче Арсовски.

„Започнувајќи од сопственикот на „Еко-клуб“ компанијата која крајно несоодветно го третирала медицинскиот отпад, па директорот на Дрисла Горан Ангелов, исто кадар на Груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, повторно кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.

Вистината не може да се сокрие, кога тогаш ќе излезе. Мрежата  составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе