СДСМ: Силјановска збунета во Собранието гласаше против волјата на граѓаните

Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните, велат од СДСМ.

„Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од Државната изборна комисија, при тоа очајно правдајќи се дека се збунила.

Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори“, истакнуваат од СДСМ.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе