СДСМ: Силјановска му се поклони на груевизмот, ја чека пораз на избори

Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра, велат од СДСМ.

„Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи. Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со т.н. селфи. Тоа е вообичаениот начин на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф. Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото. Силјановкска му се поклони на груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, истакнуваат од СДСМ.

Според СДСМ Силјановска и Мицкоски бадијала ги принудуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нив ги чека пораз на претседателските избори.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе