СДСМ: Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски

Вечерашното обраќање па и самиот настан на УМС покажа уште еднаш дека се е исто во ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква промена. Христијан Мицкоски е ист како Никола Груевски, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

„За протекционизам вечерва зборуваше човек кој стана асистент кај неговиот татко, за партизација на општеството зборуваше претседател на партија чии градоначалници не чекаа ниту 100 дена за да ги наполна општините со партиски кадри.

Полна е устата на Мицкоски за животен стандард ама испушти да каже дека неговите пратеници во Собранието го блокираат секој закон кој значи денар повеќе во семејните буџети.

Врвот на лицемерието на Мицкоски е наводната загриженост од резултатите од пописот, попис кој токму неговата партија заедно со нивниот коалициски партнер Левица правеа се за тој да не успее, повикуваа на бојкот на штета на граѓаните и државата.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту олицетворението на Груевски, Христијан Мицкоски, не можат да водат кон иднината, ниту пак да донесат промени,“ велат од СДСМ

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе