СДСМ: Новата грејна сезона со пониски сметки за парно

Главен столб во изборната програма 2016 на СДСМ беше се повеќе парите да завршуваат назад кај граѓаните, на што постојано на различни начини се прави во изминативе две години. Досега, со започнувањето на грејната сезона, растеа и трошоците на граѓаните, денес трошоците за греење на домовите се намалуваат, се вели во најновото соопштение од СДСМ.

„Една од позначајните мерки која директно влијае на семејниот буџет е намалувањето на ДДВ на парното греење од 18 на 5 отсто, што значи помали трошоци и повеќе пари да остануваат во буџетот на секое семејство.

Со намалувањето на ДДВ ако сметката за просечен стан изнесувала 2.000 денари месечно, денес трошокот за парно се намалува за 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ, за 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и за 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.

На ова намалување му претходеше и укинувањето на паушалот за парно на исклучените граѓани што неправедно го плаќаа со години. Тоа претставува уште едно намалување на месечните трошоци и враќање на парите кај граѓаните.

Денес, парното греење е достапно за сите, со пониски сметки, со можност на повторно враќање во мрежата а исклучените граѓани, но и привлекување на нови корисници, што позитивно и директно влијае на намалување на аерозагадувањето предизвикано од загревање на домовите“, истакнуваат од СДСМ.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе