СДСМ: Јавноста сеуште чека одговори од Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на лажни вести, продолжува со креирање на измислени и непостоечки случаи.

„Јавноста сеуште чека одговори од  Христијан Мицкоски за фирмата на неговиот баџанак. Наместо да се крие Мицкоски да каже кој е неговиот личен  интерес од фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев , „Дано Транс ЕООД“. Мицкоски да каже и за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Васил Пишев кои имаат фирми во Бугарија, отворени исто така  во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Колку повеќе се приближува датумот на престојните претседателски избори , толку повеќе расте нервозата кај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Во отсуство на идеја, програма и план, немајќи што да понуди на граѓаните, Мицкоски го тера неговото познато сценарио на креирање лажни вести“, велат од СДСМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе