СДСМ: Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места

Во последните две години, откако СДСМ го презеде управувањето со Владата, по спроведените мерки и реформи, забележано е сериозно придвижување на економијата, I после години стагнација екомијата расте, велат од СДСМ. Од партијата додаваат дека од минусното салдо од -1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, во четвртиот квартал од 2018 година, забележан е раст од 3,7 отсто на БДП.

„Јавниот долг е стабилизиран, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а сериозно се намалени и каматните стапки. Вратена е довербата во економијата, за две години влезени се 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места, што придонесе стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто. По зголемувањето на минималната плата се отвори спиралата на раст на платите, растат платите во сите сектори, а просечната плата во 2018 година бележи пораст од 5,9 отсто", се вели во партиското соопштение.

Според СДМСМ, ова се само дел од реалните податоци кои ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од нив во изминатите две години.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе