Предвремени парламентарни избори

СДСМ сака да здивне од политичките активности, Заев на одмор, Ахмети ги собира лидерите на албанските партии

Преговорите за формирање на новата влада ќе почнат по Илинден. Тогаш, согласно законските рокови, како што соопшти СДСМ, ќе стартува процесот на дефинирање коалиција. Европската Унија очекува стабилна владина коалиција и силен Парламент. Тоа го порача вчера, преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да здивнат од политичките активности на партиите. По Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, соопшти вчера СДСМ и информира дека од денеска, партискиот лидер Зоран Заев ќе користи неколку денови одмор.

Мандатот за составување на владата, според СДСМ, е кај Зоран Заев кој ќе биде идниот македонски премиер.

Но, од намерата да формира влада не се откажува ниту ВМРО-ДМНЕ. Како што изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на првата прес-конференција по изборите, ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада.

ДУИ, пак, го повтори условот дека ќе прифати коалиција само ако премиерот биде Албанец. Вчера и лидерот на ДУИ Али Ахмети и Насер Зибери најавија дека деновиве ќе се разговара со сите лидери на партиите на Албанците во Македонија за да се обединат околу проектот на ДУИ прв премиер Албанец.

Според СДСМ, граѓаните на изборите донесоа важна одлука, додека според ВМРО-ДПМНЕ, власта направи изборен фалсификат. ВМРО-Народна партија оцени дека изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера, но и укажа на изборниот модел – дека е надминат и дека големите партии се непотребно фаворизирани, а малите претрпуваат порази несоодветни на нивните гласачки тела. Глас за Македонија, пак, смета дека овој изборен процес е најскандалозниот од постоењето на државата и бара повторно пребројување на гласовите, како и вештачење на неважечките ливчиња.

Според граѓанската асоцијација МОСТ изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, граѓаните слободно можеа да ја изразат својата волја, а администрацијата ефикасно го спроведе гласањето под посебни здравствени протоколи поради ковид-19. Хакерскиот напад, пак, на веб-страницата на ДИК, ако се земе предвид тајмингот кога е изведен, дава индиции за сомневање дека се работи за однапред испланиран обид за нарушување на довербата во изборниот процес, смета МОСТ.

Изборите се одржаа на 15 јули, а според конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе