СДСМ: Протестите на очајното ВМРО-ДПМНЕ доживеаја дебакл, едвај 13 возила со 14 луѓе

Протестите на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ доживеаја дебакл ширум земјава. Едвај 13 возила со 14 луѓе, тоа е просекот на денешните „протести", велат од СДСМ.

„Граѓаните со ова испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади! Наместо во чувствителни моменти за државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат. Опозицијата нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме
 
Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.
И во Собранието и надвор од него, ВМРО-ДПМНЕ блокираат закони и процеси важни за иднината на државата и граѓаните. Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира. Затоа денеска добија силна порака од граѓаните дека не прифаќаат блокади, кочења и уназадувања“, истакнуваат од СДСМ.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе