СДСМ: Просечната плата во јуни 2019 е поголема за 4,1 отсто и изнесува 25.205 денари

Просечната плата во јуни 2019 е поголема за 4,1 отсто и изнесува 25.205 денари, платите растат во континуитет, велат од СДСМ.

„Продолжува трендот на раст на платите што е  уште една потврда  дека економијата е стабилна  и поставена на здрави основи. Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година. Трендот  на раст на платите  продолжува  и понатаму. Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500 , но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.Истовремено,  преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и  во приватниот сектор“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

 

 

 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе