СДСМ: Преку Мицкоски зборува Никола Груевски

„Христијан Мицкоски не смогна храброст да честита за најпозитивниот Извештај од Европската Комисија и безулсовната препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Наместо идеи, проекти, програма, предлози во интерес на граѓаните, Мицкоски игра по нотите на Груевски од Будимпешта, се фатил за деструкцијата и лажните вести како негова единствена основа за делување“, велат од политичката партија СДСМ.

„Преку Мицкоски зборува Никола Груевски, исти фрази, иста глума, лажна загриженост, измислени апокалиптични сценарија за наводно редефинирање на државата, нови граници и слични кои немаат врска со реалноста. 11 години овие филмови на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги изнаслушавме сите, само за да може фамилјата да се богати додека граѓаните страдаа. Така режимот не заглави во изолација и станавме заробена држава. Тоа време заврши, граѓаните ја поразија таа деструктивност, сега одиме напред кон ЕУ и НАТО. По 11 години заробена држава Северна Македонија е светол пример. Граѓаните знаат дека на Мицкоски не му се допаѓа напредокот, тој е на различна страна од интересот на граѓаните и државата. Нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно однесување“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе