СДСМ предлага намалување на патните трошоци на пратениците

Пратеничката група на СДСМ предлага намалување на патните трошоци на пратениците, информираше координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев на денешниот брифинг со новинарите. 

Предлог-законот на СДСМ предвидува надоместокот, односно висината на сумата за патни трошоци да изнесува максимум 20 отсто од цената на горивата. Со законските измени, како што рече Тунтев, се предлага и начин како да се запре злоупотребата.

„СДСМ предлага патарини да се плаќаат само со личните кредитни картички и како доказ покрај фискалната сметка да се достави и потврдата дека е платено со картичката. Времето на таа и на фискалната сметка ќе се поклопува и нема да може да се прават злоупотреби“, рече Тунтев.

По овие измени, СДСМ предлага потоа да се смени и предлог одлуката во Собранието со која патните трошоци ќе ги одредат на 15 отсто.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе