СДСМ: Пратениците Вељановски, Милошоски, Димовски веднаш да си поднесат оставки

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните, велат од СДСМ.

„Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно. Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции. Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, истакнуваат од СДСМ.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе