СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат слободно и да му се спротивстават на антизападниот Мицкоски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски, велат од СДСМ во соопштението до јавноста.

Од таму велат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата. Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието.

Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во соопштението.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе