СДСМ: Повлекувањето на Богоевски висок морален чин, тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија, велат од СДСМ.

„Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе  гласаат ЗА одземање на неговиот мандат? Се додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност“, велат од политичката партија СДСМ.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе