За изборниот законик

СДСМ поддржува една изборна единица, а мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување, вели Заев

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот закони се усогласени со претставниците на парламентарните партии, остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии, а премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус.

Заев повтори дека СДСМ поддржува една изборна единица, а опозицијата бара мнозински модел. ДУИ, како што рече, предлагала три изборни единици, па потоа, како што слушнал, осум изборни единици, но на Влада не се разговарале ваквите прашања, туку тоа било на партиско ниво каде што се преговара.

„Министерот за правда ме информира дека со претставниците на парламентарните партии е усогласен делот за сѐ она што значи стокмување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. И тука е завршено. Сега продолжуваат дебaтите за двете теми за обид за унапредување на демократскиот начин на гласање. Тоа е, предложени теми од опозицијата и од власта или од поголеми и помали партии. За локалните избори опозицијата предложи прв круг избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупнот број гласачи. Тоа треба да се усвои или одбие од сите партии. Нашиот предлог е отворените листи зашто мислиме дека советниците им должат многу повеќе на граѓаните отколку на своите матични партии или коалиции кои ги предлагаат и тоа е сериозен демократски исчекор. Но, се надеваме дека ќе се постигне консензус или барем поприличен консензус затоа што Изборен законик знаете дека нели традиција имаме заедно сите“, рече Заев.

Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата, за владејачката партија е уназадување.

„Далеку од изборите без притисок на парламентарни избори се разговара за неколку нови модели. Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификaција или поголема разноликост на Парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии и ќе ја унапреди демократијата во државата, а ќе гарантира поголема застапеност и на помалкубројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата, од генерално последното што го слушнав, бара мнозински модел. Тоа е уназадување според нас. Но, нека разговараат тимовите, па ќе ги слушнеме сите аргументи“, рече Заев.

Тој додаде дека се надева оти сите ќе имаат обврска да прифатат чекорење кон унапредување на демократските модели на гласање.

„Изборите се врв на демократијата. Ние сме отворени и за прифаќање на сѐ што е добро и што значи унапредување. Подготвени сме да се откажеме од дел од тоа што во сегашните модели ни следуваат како гласови и пратенички места за сметка на демократија зашто со една изборна единица веројатно поголемите четири партии ќе изгубат дел, но ќе добијат граѓаните, ќе добие демократијата преку застапеност на помалите партии“, вели тој.  

Заев говореше и за бугарско-македонскиот спор и рече дека секогаш се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме.

Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, дека ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Радев и Пендаровски.

„Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, поддршка на целиот Западен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Северна Македонија. Но, битно е да проодлжиме да работиме на иазноѓање на решенијата. Сепак, ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу“, додаде тој.

Според него, земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ и што и да е, многу е.

„Испорачавме сѐ, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири“, изјави Заев.  

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе