СДСМ: Одговорните и домаќински политики носат раст на просечната плата

Политиките на СДСМ за зголемувањето на животниот стандард, обезбедување повеќе пари кај граѓаните и поддршката за стопанството даваат резултати. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во септември годинава бележи ираст од 4,4 отсто и изнесува 25.435 денари што е за 1.080 денари повисока во однос на истиот месец 2018 година, соопшти СДСМ.

„Зголемувањето на платите се должи на политиката на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните и покачувањето на платите во јавната администрација, а пред се во образованието, здравството и социјалната заштита.

Трендот на значително зголемување на платите ќе продолжи и наредните месеци со  усвојувањето на законот за субвенционирање на придонесите на плати за работодавачите, кои ќе им ги покачат платите на своите вработени од 100 евра, предложен од СДСМ, но и со рекордниот раст на минималната плата за 5.500 денари на 14.500 денари.

Одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст и за растот на платите, тоа го потврди и Меѓународниот монетарен фонд , кој го нагласи фактот дека покрај зголемувањето на платите, невработеноста достигна историско најниско ниво од 17,5 проценти.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките од Програмата кои обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе