Уште еден повик до парламентарната опозиција

СДСМ: Нема време за одложување на мерките за заштита на здравјето

Време за одложување нема, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести треба во парламентот да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна, апелира СДСМ до опозицијата која вчера побара одложување на расправата за овие измени.

„По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена. Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна. Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните", рече на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа нагласи дека со овој предлог-закон треба да се направат измени по што на сила ќе стапат мерките за носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничувањето на семејните собири.

„Во време кога бројките на заразени од ковид-19 се троцифрени, исклучително важно е секој доследно да ги почитува мерките за заштита. Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Од вчера започна прием на пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје.
Секој еден од нас е важен во оваа битка. Да бидеме општествено одговорни. Да бидеме одговорни за своето здравје, да го штитиме здравјето на луѓето околу нас", рече Кузеска.

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 проценти од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе