СДСМ: Недостасуваат пожарникари, а Арсовска го поништи огласот за да се вработат 20 нови

Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните и заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, обвинуваат од СДСМ. 

Од таму велат дека иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, Арсовска го спречила вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните.

„Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите. Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а беше инвестирано во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите. Данела Арсовска пред граѓаните го разоткрива своето режимско лице и покажува дека работи исклучиво за лични и партиски цели“, се вели во партиското соопштение. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе