среда, 24 април 2024

Додека Јокиќ доминира на теренот, неговите браќа се тепаат на трибините, полицијата отвори истрага (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со своите маестрални партии ги собира пофалбите од сите страни, но српскиот кошаркар има проблематични браќа кој синоќа повторно се најдоа во центарот на вниманието поради инцидент кој го предизвикаа на трибинитет.

Објавено на

часот

Сподели

Браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања се постојано на трибините на натпреварите на Денвер и веќе неколкупати биле опоменувани за аграсивно однесување.

На вториот меч од серијата меѓу Денвер и Лејкерс, Страхиња Јокиќ жестоко удри фан на трибините. Се појави видео од инцидентот кое стана вирално на социјалните мрежи.

НБА лигата отворила истрага против браќата Јокиќ и не се исклучува можноста да добијат суспензија, односно да не смеат да влезат во салата на одредено време.

Според американските медиуми, истрага почнала и полицијата која се обидува да го идентификува лицето кое добило удар во главата, а истовремено бара и сведоци да се јават во најблиската станиција за да се расчисти случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ