СДСМ: Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Мицкоски

Хистеричниот Мицкоски секој месец спомнува апокалиптични сценарија, апокалиспа му се случува во ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, истакнуваат од партијата СДСМ.

„Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кој сам се прогласи за хистеричен. 

Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија по економијата, апокалиптични сценарија по здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. 

А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата. 

Христијан Мицкоски е единствениот кој посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина. 

Исто како што се однесуваше за време на пандемијата со коронавирусот, деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во одноа на државните и национални интереси. 

Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните“ велат од СДСМ.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе