СДСМ: Нѐ очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден

Демократскиот и европски концепт на СДСМ, зад кој застанаа граѓаните, води кон европска и сигурна иднина, развојна економија и правда. Граѓаните на Република Северна Македонија се одлучија за демократскиот и европски концепт на СДСМ, кој води напред кон Европа, кон нова развојна економија, кон сигурна иднина и правда, велат од СДСМ.

„Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност.

Одиме напред уште подобро, со конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат  потребите на граѓаните, со ефикасни планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата. СДСМ има решенија и има капацитет нив да ги реализира уште подобро и уште повеќе.

Членството во НАТО е завршена работа, можеме и во ЕУ. Владата предводена од СДСМ ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата.

Во наредниот период не очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден.

Иднатата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди конкретни политики кои ќе обезбедат подобар економски стандард за сите и  конкретни реформи и резултати на полето на правдата.

После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка.

Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница“, истакнуваат од СДСМ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе