СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика пратениците кои се обвинети да поднесат оставка

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и злоупотреби нема никаков кредибилитет да зборува за лична и морална одговорност, a Павле Богоевски покажа висока морална одговорност пред граѓаните, вредност што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната, реагираат од владејачката партија на партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини отвори едно значајно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија? Наместо лицемерно да зборуваат за чест и морал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и да гласаат ЗА одземање на неговиот мандат а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции", се вели во реакцијата на СДСМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе