СДСМ: Најпозитивен извештај од ЕК, потврда за успешност на реформите

Напредокот во реформите, решавањето на децениските прашања, лидерството, домаќинското и одговорно работење, се препознаени и вреднувани од Европската Комисија, се вели во соопштението на СДСМ.

Република Северна Македонија го доби најпозитивниот Извештај од Европската Комисија за напредокот на државата во процесот на интеграција во ЕУ и се посочува како „светол пример“. Чистата и безусловна препорака од страна на ЕК за почеток на пристапните преговори е признание за реформите, за историските и храбри чекори на Владата предводена од СДСМ кои обезбедија помирување и партнерство со соседите, вистински и реални реформи кои носат добро за граѓаните и обезбедуваат фер општество за сите.

Преку единство, домаќинско и одговорно работење државата е на вистински пат, Република Северна Македонија продолжува напред.

Најпозитивниот Извештај и безусловната препорака за почеток на преговорите се доказ за успешните процеси, но и дополнителен мотив сите капацитети да се стават во функција на реализација на интеграцијата во ЕУ, што е децениски национален и државен интерес“, соопшти СДСМ.

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе