Warning: array_key_exists() expects parameter 2 to be array, null given in theme_image_formatter() (line 605 of /home/mkd/public_html/modules/image/image.field.inc).

СДСМ: Најавените протести се последен обид на фрустрираниот Мицкоски за спас на партиската функција

СДСМ смета дека протестите што ги најави лидерот на опозициската СДСМ Христијан Мицкоски се негови последни обиди за спас на партиската функција и му порачува дека поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

„Протестите што денеска ги најави се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец. Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз“, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Мицкоски за задутре го најави првиот од редицата протести на опозицијата поради поскапувањето на струјата.

Според СДСМ, денес за струјата глуми загриженост оној којшто ја поскапи 100 проценти и ја укина евтината тарифа.

„Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа, но нема да успее да ја спречи, правда ќе има. Христијан Мицкоски упорно не се откажува од определбата земјата да оди назад. Еве го, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред. Мицкоски ќе протестира против борбата со ковид-19, против повисоки плати, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред“, рече Кузеска.

Според неа, граѓаните на фер и демократски избори му упатиле јасна порака на поразениот Мицкоски, го оставија во опозиција. Мицкоски нема поддршка од граѓаните и повторно нема да успее. Поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

„Кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ќе му ја плати логистиката за нивно одржување. Орце Камчев или Никола Груевски? Или, математички прецизно ќе го сторат по принципот 50-50? На едната страна се граѓаните и нивната европска определба, на таа страна е и Владата, а на другата се Мицкоски, Груевски, Камчев и нивната определба да се оди назад. Мицкоски нема ниту сила ниту начин да ја однесе државата назад. Граѓаните, државата, продолжуваат по вистинскиот, европскиот, пат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат заглавени во деструктивното, антидржавно однесување“, изјави Кузеска.

Претходно, премиерот Зоран Заев рече дека најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт. 

Протестите, според него, се нормална работа во слобода и во демократија, но тој како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направи сѐ да не дозволат да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот. 

„Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт“, рече Заев.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе