ПОТПИШАН ДОГОВОР

СДСМ на локалните избори ќе предводи коалиција од 22 партии

Социјалдемократскиот сојуза на Македонија на локалните избори ќе предводи коалиција од 22 политички партии кои вечерва потпишаа Договор за настап на изборите. 

„Убеден сум дека оваа предизборна коалиција, по промените на централно ниво, ќе донесе промени и на локално ниво на изборите на локалните избори на 15 октомври и ќе донесе живот за сите граѓани во нашата заедничка, преубава, Република Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во обраќањето тој кажа дека настапуваат отворено и дека го слушнале гласот на граѓаните кои на последните парламентарни избори во огромно мнозинство избраа заедништво наспроти поделби.

„Доследни сме на транспарентниот начин на работа што го избравме. И затоа, граѓаните на локалните избори точно ќе знаат за кого го даваат својот глас.

Проширена е коалицијата што ја предводи СДСМ и којашто настапи заеднички на парламентарните избори, со уште партии, коишто решија да ги поддржат промените што носат живот во Македонија“, рече заев.

Коалицијата, предводена од СДСМ ги вклучува и Нова Социјалдемократска партија,  Либерално Демократска Партија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Нова Алтернатива, Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, Социјалдемократска унија, Либерална партија на Македонија, Демократски сојуз,  Српска напредна странка во Македонија, Демократска обнова на Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Политичка партија Достоинство, Партија за економски промени, Алијанса за позитивна Македонија, Партија за Европска Иднина, Партија за движење на Турците во Македонија, Српска странка во Македонија, Демократска партија на Ромите, Обединета партија за еднаквост на Ромите,  Обединети за Македонија-ОМ и МОРО Работничка партија. 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе