На Конгрес

СДСМ на 3 март ќе го објави кандидатот за претседател на државата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 3 март ќе го одржи 23 Конгрес на партијата на кој ќе биде објавен и кандидатот за претседартелските избори, информираше вечерва генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски по завршувањето на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ. 

На вечерашниот Извршен одбор се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата, а се разгледувал и предлогот за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

„СДСМ на Централниот одбор ќе ги разгледува сите предности и недостатоци за предвремени парламентарни избори и дали тие ќе одат во прилог на Република Македонија или не. Се надевам дека вечерва Централниот одбор ќе донесе одлука по ова прашање, а доколку не, Извршниот одбор ќе биде задолжен дополнително да ја извести јавноста за одлуката“, рече Кирацовски.

Исто така, на Извршниот одбор се разговарало и за кандидатите за градоначалници за локалните избори, кои ќе се одржат на три места во државата, Охрид, Ново Село и Дебар.

Централниот одбор на СДСМ почна без присуство на претседателот на партијата, Зоран Заев, кој доцни откако авионот со кој се враќаше од самитот во Давос слета во Софија наместо во Скопје, поради лошите временски услови.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе