Централниот одбор одлучи

СДСМ на 21 март ќе бира партиски претседател

На 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ, одлучи доцна вечерва Централниот одбор на СДСМ.

На седницата на ЦО, како што соопштија од СДСМ, се расправало за процесите кои течат во партијата, промените, модернизацијата и демократизацијата, како и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните. Притоа било заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори.
„Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пат ќе го направи СДСМ. Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори“, пишува во партиското соопштение.
За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (претседател, заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата).
Во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека процесот на непосредни внатрепартиски избори, ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии на светско ниво.
„Горди сме што сме пример и што водиме напред во многу државни, но и партиски процеси. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. На овој начин ќе поттикнеме поголема демократија во државата, но и други партии во нашата држава да се демократизираат. Носиме нова, додадена вредност во плурализмот во Република Северна Македонија“, порачал Заев.

Според генералниот секретар, Љупчо Николовски, СДСМ, како модерна, напредна и организирана партија е целосно подготвена за овој процес од сите можни аспекти.
„Веќе од утре Централната изборна комисија ќе започне да функционира, во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации ќе се формираат општински изборни комисии, ќе следуваат и Одбори на избирачките места и сѐ што е потребно за овој процес кој за прв пат се организира кај нас. СДСМ е прогресивна, модерна, европска партија и овој процес ќе го направиме по највисоките демократски и организациски стандарди. Следуваат серија активности за кои граѓаните ќе бидат информирани“, најави Николовски.

 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе