Партиска реакција

СДСМ: Мицкоски требаше да ѝ каже не на проруската Левица

„Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка", реагира СДСМ на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека „не“ требало да ѝ каже на „проруската“  Левица. 

„Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.

Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе